Делови од Скопје неколку часа без струја

од Nikola Popovski

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат корисници од селата Волково и Кучково, како и делови од неколку улици во општините Кисела Вода и Гази Баба.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, во периодот од 9:00 до 16:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците во с. Волково и с. Кучково (Општина Ѓорче Петров).

Од 9:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Банско“, ул. „Баница“, ул. „Наум Охридски“ и ул. „Жванска“ (Општина Кисела Вода).

Од 7:00 до 15:00 часот новите згради спроти „Мерцедес“ на ул. „852“ (Општина Гази Баба), додека во периодот од 9:00 до 15:00 часот дел од ул. „Милан Мијалковиќ“, ул. „Пржино“, ул. „Кавалска“ (Општина Кисела Вода).

Слични содржини