Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје информира дека на 31.5.2025 година (сабота), со почеток во 0:00 часот, планирани се активности за изведба на главен водоводен приклучок и монтажа на игличест регулациски вентил, како и поврзување на постојниот магистрален цевковод ф-1600 мм кај Железара со постојниот магистрален цевковод ф-700 мм на булеварот „Александар Македонски“, кој се напојува од градскиот магистрален цевковод ф-1600 мм, преку новопредвидениот магистрален цевковод ф-700 мм, кој ќе биде поставен по должината на новопредвидениот булевар „Хрватска“.
Оваа акција се очекува да заврши за помалку од 15 часа, од кои најмногу часови се одвојуваат за празнење и полнење на магистралниот цевковод, велат надлежните.
Токму поради ова, како што соопштија, со делумен прекин на водоснабдувањето ќе бидат населените места Визбегово, булеварот „Босна и Херцеговина“, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда – само висока зона, Железара и Бутел 1.
Согласно Оперативниот План за реализација на активностите, ЈП Водовод и Канализација -Скопје, превзема бројни оперативни активности за подготовка на луѓе, механизација, алат и пумпи.
-Во процесот на активности, првично се направи проверка за исправноста на воздушните вентили,испусти и хидранти поставени по должина на магистралниот цевковод ф 1600 мм. По утврдување на состојбата и констатирање на нивната исправност сектор Водовод, со тим од осум екипи носители на работата,ќе обезбеди сигурно празнење и полнење на системот со вода, информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.