325
Момче од Црна Гора починало од Ковид – 19 на денот кога требало да прави свадба, пренесува порталот Новости. Мочето имало 26 години и било од Улцињ.
-Потврдено е дека делта-сојот влијае на помладата популација. Многу пациенти се на возраст меѓу 19 и 39 години. Апелот е младите да се вакцинираат и да се придржуваат кон мерките – изјави директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, д -р Игор Галиќ.
Според податоците на Институтот од 16 септември, вкупниот број на смртни случаи поврзани со инфекција коронавирусот во Црна Гора од почетокот на пандемијата до денеска е 1822 луѓе.