Најодговорно ги демантираме гласините за „поплава во просториите за интензивна нега” на Одделот за неврологија, стои во дематот на ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември” – Скопје во веска со објавениот статус на Д-р Петар Атанасовски кој информираше дека докторите ваделе пациенти од поплавениот интензивен оддел на неврологија.
-Всушност, се работи за саниран мал технички дефект на водоводната цевка.Одделот за неврологија функционира непречено, со давање соодветна здравствена заштита на пациентите.Сигурноста на персоналот и пациентите е наше мото и сите сме целосно посветени на тоа.ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември” – Скопје е посветен и пружа здравствена заштита на нашите пациенти на највисоко ниво, велат од болницата.
Според Атанасовски , сите пациенти биле извлечени од поплавениот оддел.
„Мислев да одморам малку ама не се може. И тоа се случи, се поплави интензивнот оддел на неврологија при ГОБ „8 Септември“ и за среќа поради големата пожртвуваност на дежурниот невролог и останатиот медицински персонал кои заборавија на ризикот по сопствениот живот ( можност oд струен удар, повреда од паѓање на плафонот) сите пациенти беа извлечени и преместени на сигурно без да им се загрози нивното здравје и живот. Уште еднаш апелирам до групата што се сликаше за празникот пред нашата болница да преземат мерки и конечно да се затвори одделот да се реновира, исчисти и дезинфицира (врие од интрахоспитални инфекции).ГОЛЕМО БРАВО УШТЕ ЕДНАШ ЗА МОИТЕ НОВИ ХЕРОИ ДЕЖУРНАТА ЕКИПА ОД ВЧЕРА НА ОДДЕЛОТ ЗА НЕВРОЛОГИЈА ПРИ ГОБ 8 МИ СЕПТЕМВРИ“, напиша Атанасовски.