Демант: Семејството Филиповски отфрла секаква поврзаност со насилното преземање на планинарскиот дом „Даре Џамбаз“

441 прегледи

По фејсбук објавата која утинава ја пренесовме,  врзана за  случајот со планинарскиот дом на Водно е „целосно преземање на домот со цел градење угостителски објект“, следува демант од семејството кое е инволвирано во случајот.

Демантот од семејството Филипоски ви до пренесуваме во целост:

„Во врска со гласините наведени во вчерашната Facebook изјава на Југослава Дуковска во која се инсинуира дека нашето семејство е поврзано со преземањето на Планинарскиот дом “Даре Џамбаз” на Водно и неговото трансформирање во приватен угостителски објект, би сакале најстрого да демантираме дека сме на кој било начин поврзани со информациите и обвинувањата наведени во изјавата.

Не знаеме ниту нѐ интересира во чиј интерес е објавување на вакви инсинуации и лажни информации, но нашето семејство отсекогаш се гордеело со транспарентно работење со нашите брендови Воденица, Спицикото и Сенигалија, кои имаат децениска традиција како неизоставен дел од скопското угостителство.

Уште еднаш се оградуваме од каква било поврзаност со тендер распишан од ФПСМ и нелегално преземање на Планинарскиот дом “Даре Џамбаз” на Водно и се надеваме дека тој и понатаму ќе продолжи да функционира онака како што е замислен – како место каде планинарите ќе можат да најдат засолниште и место за одмор и дружење“, се вели во демантот.

Слични содржини