Дембеле исфрлен од тимот на ПСЖ

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Францускиот репрезентативец Усман Дембеле е исфрлен од тимот на ПСЖ и нема да игра на следниот натпревар од Лигата на шампионите против Арсенал, пишува новинарот на францускиот RMC Sport, Фабрис Хокинс. Дембеле и тренерот на францускиот шампион Луис Енрике се скараа по првенствениот меч со Рен, во кој ПСЖ победи со 3:1.

Дембеле одигра добар натпревар, асистираше за првиот гол и ја напушти играта во 82. минута. Но во текот на тој натпревар тренерот на парижаните неколку пати се појави изнервиран во својот технички простор бидејќи неговиот крилен напаѓач не го слушаше во неколку акции.

Дембеле има многу добар почеток на сезоната во ПСЖ. На седум натпревари тој собра четири гола и четири асистенции. Тој има 27 години и треба да биде најголемата ѕвезда на клубот по заминувањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

Ова не е прв пат француски фудбалер да има проблеми со дисциплината. Во текот на неговата кариера, од Рен до Борусија Дортмунд и Барселона, тренерите имаа одредени проблеми со него. Во Барселона, на пример, еднаш беше казнет со 100.000 евра затоа што доцнеше два часа на тренинг.

Истата Барселона го донесе од Борусија Дортмунд за 135 милиони евра во 2017 година. Испадна дека не е засилување, туку разочарување – голем потенцијал што не ги оправда очекувањата. Од минатата година тој настапува за ПСЖ кој го купи од Барселона за 60 милиони евра.

Слични содржини