Крилниот напаѓач на Барселона, Усман Дембеле призна дека недоволната работа била причина за неговите многубројни повреди во минатото и откри дека доаѓањето на Роналд Куман за тренер на тимот донело позитивна промена во тој поглед.
„Повредите дојдоа затоа што кога имав 20 години не работев како сега. Ако сакате да бидете одличен играч, мора да работите напорно. Вашиот талент не е доволен. Не го знаев тоа порано, но сега гледам дека работата на теренот и надвор од него е клучна. Дали ме фати паника поради повредите? Да, почнав да се чувствувам малку исплашен. Мислев дека може да се повредам во секој момент. Сè се промени со доаѓањето на Роналд Куман. Имав повреда на колкот и имав многу страв. Но, тогаш сè се промени на подобро. Работите се подобрија по таа повреда кога пристигна Куман“, изјави Французинот и додаде:
„Работев напорно за да избегнам повеќе повреди. Почнав да играм. Мислам дека тоа време (сезона 2020/21) забележав 46 натпревари. Разговарав со кондициските тренери и со мојот личен. Тогаш ми рекоа дека ако не работам, ќе продолжам да се повредувам и дека нема да уживам во фудбалот. Што се смени? Сега имам личен тренер кој одржува контакт со Иван Торес и другите тренери во Барселона. Вежбам наутро и имам дополнителни вежби после тренинг за да ги зајакнам тетивите. Во Барса има многу добри тренери. Работам многу со клупскиот физиотерапевт Карлос Ногуеира и со мојот личен тренер“, изјави Дембеле во интервју за „Спорт“ и „Мундо Депортиво“.