Дембеле конечно ги прифати условите на Барселона, тврди „Спорт“

од Vladimir Zorba

Усман Дембеле е склон да ги намали финансиските побарувања за да остане во Барселона, пренесе „Спорт“. Во средата наутро имаше средба меѓу луѓето од управата на клубот и менаџерот на играчот Муса Сисоко, на која стана јасно дека напаѓачот е подготвен на компромис. Ова го отвора патот за потпишување на нов договор со него.

Во принцип, актуелниот договор на Дембеле истекува на крајот од сезоната, но оваа пролет Французинот игра како препороден, откако Каталонците се обидоа да го отстранат во јануари. Сепак, од „Камп Ноу“ беа децидни дека нема да го сменат ставот за платата и ќе чекаат таа да прифати помала.

Неговиот нов договор се очекува да биде на само две сезони.

Слични содржини