Доцнењето на Усман Дембеле и се поизвесната одлука да не го продолжи договорот со Барселона предизвика голема конфузија кај претседателот Жоан Лапортa, кој беше сигурен дека Французинот и следната сезона ќе биде на „Камп Ноу“.
Како што пишуваат шпанските медиуми, Дембеле барал невозможни услови, а неговите барања отишле дотаму што значеле заработка над 80 милиони евра во првата сезона, гледано преку бруто ниво, бонуси и други додатоци.
Барселона во моментов не може да си го дозволи тоа и се надева дека Французинот ќе се предомисли, бидејќи во спротивно ризикува да не го регистрира Феран Торес, најзвучното засилување во зимскиот преоден рок.
Доколку Дембеле не се предомисли до крајот на денот, единствена опција за регистрација на Торес е продажбата на Филипе Кутињо и Самуел Умтити, но тоа се уште е во магла со оглед на силните договори на играчите.
Единсон Кавани очигледно е се подалеку, па од четврток во игра е доаѓањето на Алваро Мората кој до крајот на сезоната беше позајмен во Јувентус од Атлетико Мадрид.
Каталонските медиуми пренесуваат и дека Мемфис Депај бил понуден како замена. Наводно Јувентус се договорил, но и Атлетико се прашува, кој бара 35 милиони евра за да го купи напаѓачот.
Сепак, главната работа се очекува на лето, а прва мета е Ерлинг Халанд, најголемата желба на раководството на Барселона