Дембеле нема да ја прифати понудата на Барса

од Vladimir Zorba
357 прегледи

Усман Дембеле 99% ја напушта Барселона. Каталонскиот крилен напаѓач нема да ја прифати понудата на клубот за нов договор. Според новинарот од Кадена СЕР, Санти Овале, Французинот и луѓето околу него се категорични во својот став.

Дембеле во своите јавни настапи тврди дека сака да остане на „Камп Ноу“ и неговата иднина не е решена, но во реалноста не е задоволен од моменталниот предлог на Барса, а раководството на „Блаугранас“ нема намера да ги менува параметрите во понудата. Тоа значи дека двете страни не можат да ги усогласат ставовите и на 30 јуни Дембеле ќе стане слободен агент.

Чави Мигела од „АС“ напиша дека Чави Ернандез веќе три недели го подготвува тимот за новата сезона без членот на француската репрезентација. Токму поранешниот играч за врска најмногу инсистираше на останување на Дембеле, но се чини дека тоа нема да се случи.

25-годишниот крилен играч најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Англија. За него сериозен интерес имаат Челси, каде на клупата седи поранешниот тренер на Дембеле, Томас Тухел од нивниот заеднички период во Борусија Дортмунд.

Слични содржини