Дембеле прв го прекрши правилото на Чави

од Vladimir Zorba
262 прегледи

Легендата на Барселона, а сега тренер на клубот Чави Ернандез веднаш по враќањето на Ноу Камп ги воведе правилата кои играчите мора да ги почитуваат.

Сепак, еден играч се уште има проблеми со правилата на клубот. Тоа е Усман Дембеле кој претходно ги кршеше правилата со претходните тренери, а за кратко време успеа да го стори истото и со новиот тренер.

Имено, едно од главните правила на Чави е дека играчите мора да се појават час и половина пред тренинг. Тренингот беше во 8:00, а Дембеле дојде во 8:33 и така задоцни повеќе од половина час.

Утрово направи уште една глупост. Чави договори средба со тимот пред тренинг утринава, а Дембеле не се појави. Кога клубот го повика да праша зошто не дошол, Французинот рече дека мислел дека средбата е попладне, а не наутро.

Така Дембеле го чека нова казна. Францускиот напаѓач е член на Барселона од 2017 година, која за неговото доаѓање од Борусија Дортмунд издвои околу 150 милиони евра. Но, поради бројните повреди Дембеле за „блауграна“ одигра само 81 натпревар, а постигна 18 гола.

Слични содржини