Дембеле сака да си оди од Барса?

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Втората најскапа аквизиција на Барселона во историјата, Усман Дембеле веќе размислува за заминување, поради кошмарната сезона, која што ја има.

Според „Don Balon“, францускиот репрезентативец ги испитува можностите за разделба со каталонскиот гигант, каде набрзина доби две сериозни повреди по трансферот од Борусија Дортмунд.

Во неколку наврати здравиот Усман остана на клупата и тренерот Ернесто Валверде јавно го критикуваше на прес-конференциите на тимот.

Целата палета на настани се одрази негативно на Дембеле, но пак поради очајната форма, ниту еден клуб не е подготвен да плати повеќе од 60 милиони евра за него, што ја одбива Барса да го продаде поради големите финансиски загуби кои клубот ќе ги претрпи.

Со враќањето на самодовербата на 20-годишниот фудбалер се зазел еден од капитените во соблекувалната, Жерард Пике. Тој „се закачил“ за Дембеле во последните неколку недели и му помага да се интегрира во тимот, пишува „Екип“.

Слични содржини