Последната средба меѓу претставниците на Барселона и напаѓачот Усман Дембеле не даде резултат, напиша на Твитер новинарот Фабрицио Романо. Страните не се договориле за условите од последниот предлог.
Конечната одлука за иднината на 25-годишниот Французин ќе биде донесена оваа недела. Агентите на напаѓачот ја отфрлаат можноста за продолжување на договорот доколку Барселона не упати подобра понуда. На каталонскиот клуб му треба време да види дали може да го искушува Дембеле со повеќе пари без да ги прекрши правилата на финансискиот фер-плеј.
Дембеле минатата сезона за Каталонците постигна 2 гола и запиша 13 асистенции на 32 натпревари. Договорот на напаѓачот со клубот истекува за неколку дена.
Има информации дека Челси и Баерн на Французинот му нудат поповолни услови.