
Деми Мур умно избега од центарот на вниманието и се чини дека има добра причина тоа да го стори. 55-годишната актерка си фати ново момче, најмладо од сите нејзини досегашни освојувањ. Станува збор за пејачот Ник Џонас.
Тој има само 25 години, што го прави 30 години помлад од прекрасната Деми. Сепак, тој има искуство со „старки„, бидејќи претходно имал врски со Кејт Хадсон (38) и австралиската пејачка Делта Гудрем (33).
Мур едвај ја крие својата врска и, според зборовите на луѓето во нејзината околина, дури се состанува со момчето на имотот на еден пријател, бидејќи чувствува страв од папараците, пишува RadarOnline.
“Деми не сака повеќе јавно понижување откако беше отфрлена од Ештон”, изјави извор за медиумите.
Откако се разведе од 16 години помладиот од Ештон Качер во 2013 година, ѕвездата на филмот Стриптиз скока од еден млад човек на друг. Меѓу нејзините освојувања спаѓаат 31-годишниот Шон Фрајдеј, 31-годишниот Вито Шенбел и 36-годишниот Хари Мортон, кој исто така беше дечко и на нејзината ќерка.

И покрај загриженоста на Мур во однос на јавното мислење за нејзината врска со уште еден помлад маж, таа има поддршка од нејзините најблиски. Така на пример 29-годишна ќерка, Румер Вилис ја договорила средбата со Џонас.
“Румер знае дека нејзината мајка паѓа на млади мажи, и бидејќи Ник е слободен и има искуство со постари жени, мислеше дека ќе се вклопи. Ник е најмладиот од сите момчиња со кои Деми досега излегуваше, но таа е исто така еден од најзрелите луѓе во нејзиниот живот “, изјави извор за медиумите.