Неодамнешното раскинување на поп-ѕвездата Деми Ловато и нејзиниот свршеник Макс Ерик предизвика лавина реакции во Холивуд. И додека Деми молчеше за раскинувањето, Макс ги користеше социјалните мрежи за да каже што навистина мисли за неговата (поранешна) свршеница.
Макс на Инстаграм стори објави неколку објави, во кои се наведува дека слушнал за раскинувањето од таблоидите, а потоа го негирал раскинувањето. Подоцна напиша и дека ја сака Деми Ловато и сподели неколку нејзини песни на стори.
Извор за „Е њуз“ наведува дека Деми е „посрамотена“ поради неговите „испади“, и дека не сака повеќе да биде во контакт со него.
„Во овој момент, таа не сака да биде во контакт со него. Целосно е посрамотена и не ѝ се допаѓа тоа што тој јавно зборува за нивната врска на социјалните мрежи“, рекол изворот.
Според изворот, Макс не сака да го прифати фактот дека нивната веридба е раскината и се обидува да ја контактира. Од друга страна, таа е загрижена дека тој може да ја загрози нејзината репутација.
„Не може да поверува дека се фати на мамката на таблоидите и сега јавно зборува за нивното раскинување на Инстаграм. Тоа е понижувачко за неа. Не сака да го види повеќе“, заклучил изворот.