Деми Ловато: Не ја добивав помошта што ми требаше

од Elena Daskalova
372 прегледи

Деми Ловато не се срами од своето минато, туку отворено зборува, со цел да ја подигне свесноста кај сите кои се соочуваат со слични проблеми како нејзините.

За време на гостувањето кај Елен Деџенерис, откри дека проблемите со зависноста започнале поради булимијата. Дури и кога мислела дека ѝ е подобро, ситуацијата била лоша. Неколкупати барала помош, но никогаш не ја добила.

„Барав помош, но не ја добив, барем не таква каква што ми требаше. Си велев: Шест години сум трезна, но сум за никаде, зошто воопшто сум трезна“, го опишува Деми своето минато.

Кога за тоа зборувала со својот тим, тие ја обвиниле дека е себична и премногу фокусирана на себе и дека ги уништува и нив со тоа. Исто така, смета дека коренот на проблемот бил нејзиниот татко, кој бил зависник и алкохоличар.

Сите тие нешта се собрале, па таа по една забава завршила во болница предозирана. Сепак, одлучноста ѝ помогнала да се бори со проблемот и да го надмине, но и да не дозволи никогаш да се врати на пороците, туку да се посвети на музичката кариера и работата.

Слични содржини