Деми Ловато откри што ја донело до предозирање: Тонев се подлабоко!

Деми Ловато, гостувајќи во поткастот на Епли Греам, рекла дека враќањето на поремеувањето на исхраната е еден од факторите кои ја донеле до предозирање во јули 2018 година.

„Уморна сум од строгите вежбања и екстремните диети. Мислев дека како во последните години се опоравувам од пореметувањето во исхраната, но всушност тонев се подлабоко. Симптомите беа толку очигледни како и претодно, но дефинитивно тоа не беше пореметување во исхраната. Мислам, кога имате околу себе одредени луѓе кои ви велат како треба да изгледате, дополнително отежнува“, рекла.

Деми се предозира во јули 2018 година и итно беше префрлена во болница, каде и остана пред да замине на рехабилитација.

„Искрено мислам дека тоа е она што доведе до се минатата година. Во моментот мислев дека сум се излечила, а не било така, живеев во таа лага и се обидував да го убедам светот дека сум среќна кога всушност не бев.“

„Наскоро ќе издадам нов албум, а потоа ќе се посветам на менталното здравје“, заклучила Деми.

Слични содржини