Деми Мур објасни зошто има тепих и кауч во нејзината бања

од Stefanija Kuzmanovska

Обожавателите на Деми Мур неодамна беа згрозени откако таа објави фотографија од домашната канцеларија во бањата, иако тоа не беше единствениот детал што ги изненади негативно.

Познатата актерка била гостинка во шоуто на Сет Мејерс, каде открила кој е заслужен за тепихот во бањата, како и други детали за нејзиниот помалку ексцентричен дом.

57-годишната актерка вели дека тепихот во нејзиниот дом во Идаху бил идеја на нејзиниот поранешен сопруг Брус Вилис, со кого неодамна помина дел од карантинот. Но, таа исто така рече дека тепихот во бањата не е толку чуден, со оглед дека живеат на планина и дека знае да биде многу ладно.

Фотографиите од нејзината бања станаа вирални откако таа ја објави првата епизода од нејзиниот подкаст Dirty Diana додека седеше на мини кауч во неа. Џакузи и веце шоља може да се видат зад неа, но многумина исто така забележаа и огромна статуа.

Актерката вели дека снимила подкаст во бањата затоа што акустиката била најдобра таму, и за таа прилика го преместила мини-каучот таму. Во видеото, таа покажа уште неколку детали од својот дом.

Слични содржини