Демирал ја однесе Турција во четвртфиналето на ЕП 2024

од Vladimir Zorba
37 прегледи

Турција ја победи Австрија со 2-1 во последниот осминафинален натпревар на УЕФА ЕУРО 2024.

Избраниците на Винченцо Монтела ќе се соочат во четвртфиналето против Холандија откако „лалињата“ ја совладаа Романија претходно денеска.

Дефанзивецот Мерих Демирал стана херој за Турција, кој постигна два гола. Неговиот прв гол дојде по само 57 секунди и стана најбрзиот гол во елиминациите на едно европско првенство.

Австријците се вратија во игра со гол во 68. минута, но силите не им беа доволни за ништо повеќе и тие го напуштаат турнирот.

Слични содржини