Со закон во кој не се споменува името на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, но очигледно е насочен кон него, Демократската партија настојува да блокира секој „двократно отповикан“ претседател од какво било признание во САД.
Ова вклучува забрана на федералните фондови за изградба на посветени автопати, паркови, подземна железница, федерални згради, воени инсталации, улици или друг федерален имот, како и спречување на тој претседател да биде погребан на Националните гробишта во Арлингтон.
Поранешните претседатели обично добиваат голем број придобивки кога ќе ја напуштат функцијата, вклучително и примање пензија и средства за плаќање за помошници. Но, овој закон ќе му го одземе сето тоа на двапати отповиканиот претседател, освен заштитата на Тајната служба.
Група демократи го претстави законот кон крајот на јануари, но оттогаш не постигна многу напредок. И без оглед на шансите за успех во Конгресот, законот веројатно нема многу да му пречи на Трамп: тој веројатно го има своето име на повеќе згради отколку повеќето поранешни претседатели заедно, пренесува YahooNews.