„Демократска Бугарија“: Не е разговарано дали македонската амбасадорка треба да биде поканета на конститутивната седница на Собранието

од Nikola Popovski
288 прегледи

Партијата „Демократска Бугарија“ демантира дека на средбата на претставници на парламентарни партии во новото Народно собрание на Бугарија се разговарало дали амбасадорката на Северна Македонија, Агнеса Руси Поповска треба да биде поканета на конститутивната седница.

Според партијата, станува збор за апсолутно неточна информација.

Бугарски „Стандард“ вчера пренесе дека новата македонска амбасадорка во Бугарија не е добредојдена на конститутивната седница, закажана за 19 октомври.

Претходно беше соопштено дека амбасадорите на Руската Федерација Елеонора Митрофанова и Никита Лешуков в.д амбасадор на Белорусија во Бугарија нема да бидат поканети на првата седница на Бугарското собрание, поради руската агресија во Украина. ГЕРБ-СДС, Промената продолжува и Демократска Бугарија се изјасниле против присуството на двајцата амбасадори.

 

Слични содржини