Пентагон и Агенцијата за национална безбедност треба да ги истражат извештаите дека милијардерот Илон Маск имал повеќе разговори со руски официјални претставници, вклучително и со рускиот претседател Владимир Путин, велат двајца демократски сенатори во писмото што денеска го видел Ројтерс.
Маск, кој беше назначен на високо владино место од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, надгледува милијарди долари во Пентагон и склучува договори со разузнавачката заедница како извршен директор на воздухопловната компанија SpaceX, соопшти агенцијата.
Сенаторката Џин Шахин и претседателот на Комитетот за вооружени служби на Сенатот, Џек Рид, им кажаа на американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд и на генералниот инспектор на Пентагон дека вмешаноста на Маск во програмата SpaceX треба да се истражи по извештаите за неговите разговори со руски претставници во октомври.