Демократски сојуз: Членството во НАТО, гарант за стабилноста на Македонија

од Берта Китинска
225 прегледи

Со заокружување на процесот на целосна интеграција на Македонија во НАТО, се јакне стабилноста на државата и пошироко на Балканот, велат од Демократски сојуз.

-Стабилноста и правната сигурност се основни предуслови за подинамичен економски развој, странски и домашни инвестиции и создавање клима за младите да останат овде во својата татковина.Во овие сложени и турбулентни политички состојби, од исклучителна важност е сите партии да водат сметка за внатрешната стабилност и за нашите национални и државни интереси, а тоа се евроинтеграциите кои ги движат сите процеси во Македонија.Демократскиот сојуз очекува до крајот на годината ЕУ да ги отвори вратите за Македонија и да започнат пристапните преговори.Направивме многу тешки и болни отстапки за да фатиме чекор со НАТО и ЕУ. Граѓаните на Македонија заслужуваат подобра иднина, сметат од ДС.

Слични содржини