Демократски сојуз: Да се блокира задолжувањето на државата!

од desk3
126 прегледи

 

По задолжувањето на државата за 650 милиони евра, пари кои првенствено ќе бидат наменети за клиентелизам (купување на гласови), Демократскиот сојуз во соработка и консултација со финансиски експерти, ќе предложи законски решенија со кои ќе се оневозможи Владата да ги задолжува граѓаните без согласност од Парламентот.

????????????????????????????????????

Последниот долг со издавање на еврообврзница е направен без претходна анализа и консултација на експерти, како и без елементарно информирање на Парламентот и пошироката јавност.

Владата и натаму должи објаснување за висината на долгот што го направи, високата камата, потоа за што ќе ги потроши парите и како ќе се враќаат.

Инаку ова расипничко и арогантно однесување само ја потврдува определбата на граѓаните за потребата од брзи избори, промена и одговорност.

Слични содржини