Откако вчера полицијата изврши акција за сузбивање на криминална група вработени во МВР кои нелегално исздавале пасоиши, Демократскиот сојуз денес излезе со соопштение дека потребна е проверка на сите вработени во МВР.
,,Демократскиот сојуз предлага целосна кадровска обнова (ремонт) и анализа на можните злоупотреби, при што како приоритети ги нагласува: Прво, да се извршат безбедносни проверки за сите вработени во МВР и другите безбедносни сектори, како и тест интегритет, здравствената способност, проверка на имотната состојба и досегашната работа и резултатите од работата. Да се забрани членување во политичка партија на припадници на службите за безбедност. Второ, да се направи ревизија на издадени државјанства, внесени единствени матични броеви, впишувањата во матичните книги на родените, издадени лични карти, возачки и сообраќајни дозволи, дозволи за поседување и носење на оружје, како и издадени обични, дипломатски и службени патни исправи. Трето, да се зајакне раководниот тим во МВР со врвни професионалци, да се разработат и имплементираат контролни механизми во работата на сите сектори и МВР да се ослобиди од кадрите кои не ги исполнуваат критериумите за работа во оваа институција. Кадровско прочистување е неоходно и во другите служби за безбедност.” – стои во соопштението на Демократскиот сојуз