Демократски сојуз: Деблокада на развојот на Македонија

од Vlatko K
83 прегледи
 


Со посетата на Алексис Ципрас на Република Македонија, конечно е тргната 30 годишна блокада на евроатланските процеси на Македонија и се отвораат перспективи, посебно за младите генерации.Цената што ја плативме со компромисот околу Преспанскиот Договор е висока, но исчекорот напред кон НАТО и ЕУ е огромен.

Оваа посета е со историска димензија.

Нормализација на односите помеѓу Македонија и Грција е наш македонски-стратешки и национален интерес.

Членството во ЕУ и НАТО е јакнење на државноста, демократијата и развојот, но пред се меѓународно етаблирање на суверена и самостојна Македонија.

Во овие изминати триесет години направени се многу отстапки без било какви видливи резултати.

Деблокадата од Грција и поддршката што ја имаме од многу држави, без сомнение е историски чин и победа на граѓаните на Македонија против манипулативната, ретроградна и лажна националистичка политика, се вели во соопштението на ДС.