Демократски сојуз: „Денот Д“ или кривична одговорност на партиите кои го штитат криминалот на партиското водство и учествуваат во грабежот на граѓаните

од desk3
93 прегледи

 

Граѓаните, експертската јавност, големиот број на граѓански асоцијации, медиумите и опозициските партии, очекуваат денес да се случи пресврт и од утре со забрзано темпо да се спроведат реформи за создавање минимум предуслови за избори.

pavle

Но и натаму има многу прашалници, дали Викторија Нуланд, ќе бара да се ослободат институциите од партиските стеги, дали ќе ги „охрабри” генераторите на кризата да се повлечат од политичката сцена, дали ќе ја поддржи идејата за формирање посебно судско одделение кое ќе постапува по предлозите на СЈО и дали ќе инсистира на брзи избори.

Демократскиот сојуз ги повикува сите партии да ги надминат личните и партиските интереси и да прифатат Македонија да биде една изборна единица, како битен предуслов за демократизација на државата и јакнење на одговорноста на функционерите, посебно на премиерот.

ДС предлага и кривична одговорност на партиите кои од позиција на власт го штитат криминалот на партиското водство, кое учествува во грабежот на граѓаните и ги загрозува перспективите на државата.

Во очекување и надеж дека денес ќе имаме пресврт и почеток на решавање на кризата, мора да се размислува и за поинаков пристап за демократизација на општеството, а тоа подразбира реформи во партиското организирање и дејствување.

Султан партиите го јакнат авторитарното и криминално владеење, без контролни механизми и одговорност.

ДС смета дека се погрешни тезите на странските посредници кои остават кризата да ја разрешат носители на високи државни и партиски функции , а кои неодамна се најдоа на списокот за аболиција поради сомненија за вклученост во тежок криминал.

Слични содржини