Демократски сојуз: МВР да го спречи хаосот што го најавува Ахмети

од Марта Пешевска
380 прегледи

Демократскиот сојуз ги осуди заканите за дестабилизација упатени од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и побара од надлежните институции да преземат итни мерки за спречување на безбедносно-политичка криза. Од партијата велат дека Ахмети и неговите соработници се обидуваат да извршат мафијашки притисок врз обвинителството и судството, најавувајќи протести доколку поранешниот министер Крешник Бектеши биде обвинет за трагедијата во Кочани.

Демократскиот сојуз нагласува дека такво влијание врз правосудните органи е неприфатливо и дека времето на неказнивост завршило. Партијата ја повикува целата правосудна власт, вклучително и Уставниот суд, да постапува независно, согласно Уставот и законите, без да подлегнува на притисоци.

Слични содржини