Демократски сојуз: Народот одлучува- Излезете од партискиот шинел и да го послушате гласот на разумот !

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Демократскиот сојуз оценува дека со Одлуката за аболиција Ѓорге Иванов го урниса правниот поредок и предизвика огромно незадоволство и хаос во државата. Состојбите можно е да излезат од контрола, поради што повикуваме на разумно, одговорно и државничко однесување.

дс

Бараме:

1. Ѓорге Иванов, да ја повлече одлуката за аболиција и   да си поднесе оставка.

2. Али Ахмети,  да го откаже учеството на ДУИ на избори.

3.Трајко Вељаноски, да свика седница на Парламентот за да се суспендира одлуката за
самораспуштање на Парламентот.

Вие тројцата можете да излезете од партискиот шинел и да го послушате гласот на разумот и народот, кој е подготвен да протестира се додека не се реши кризата и не создадат услови помилуваните да одговараат пред суд.