Демократскиот сојуз смета дека минималната плата треба да се зголеми на 18.000 денари, при што ги охрабрува работодавците да се усогласат со синдикатот.
– Очекуваме трипартитните преговори денес да завршат успешно, со што ќе се обезбеди минимална плата која ќе влијае и за зголемување на платите во целина, како и зголемување на пензиите согласно растот на цените и платите. Во услови на инфлација и зголемување на цените на прехрамбените производи, електричната енергија, гасот, услугите и сл., неопходно е да се води сметка за работниците со ниски плати, како и пензионерите, соопштува Демократски сојуз.
Освен поддршка на работниците, сојузот смета дека неопходна е и поддршка на компаниите.
– Воедно треба да се поддржат компаниите кои објективно не се во можност да остварат приходи за зголемување на минималната плата, додава сојузот.