Демократски сојуз: ВМРО-ДПМНЕ ги користи мигрантите како плашило

од desk2
106 прегледи

Демократскиот сојуз смета дека предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ со мигрантите, кои ниту ги има ниту ќе ги има во Македонија, претставува смислен обид повторно да се игра на емоции на граѓаните и создаде чувства на загрозеност и наводно уривање на државата.

„Ваквата кампања повторно ќе не изолира и конфронтира со демократскиот свет, со невладините организации, со ООН, со медиумите од регионот и пошироко, а последиците ќе ги трпат граѓаните. Наместо да се сее страв од мигранти кои ги нема (во Кампот во Гевгелија само 13) и кои во краен случај, само транзитираат низ Македонија, треба јавно да се зборува за нашите млади кои се “бегалци” во многу европски земји, САД и КАНАДА и да се направи сė младите да не ја напуштат татковината, а тие што заминале да се вратат“, сметаат од ДС.