ДС: Или реализација на договореното или преодна Влада!

од Vladimir Zorba
144 прегледи
По неуспешната лидерска средба вчеравечер, Дeмократскиот Сојуз во соопштение до јавноста ја изрази својата загриженост за безизлезноста на состојбата.демократски сојуз  хоризонтално
ДС оценува дека ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, со блокадата на Договорот од Пржино, ја втурнаа Македонија во бездна.
Зоран Заев и СДСМ со политичките бомби сакаат да дојдат на власт, а Никола Груевски и ВМРО – ДПМНЕ со избори сакаат да ги покријат криминалот и кршењето на правата на граѓаните со незаконито прислушкување, се вели во соопштението.pavle-trajanov-banskoliev1
ДС предлага или имплементација на Договорот од Пржино или формирање преодна Влада која ќе организира парламентарни избори.