Демократскиот сојуз ги осудува изјавите на Ѓорге Иванов за амнестија!

од Vladimir Zorba
85 прегледи
Иванов ЧЕКОР напред ДВА НАЗАД
Демократскиот сојуз ги осудува изјавите на Ѓорге Иванов за амнестија на тие што учествуваа во грабежот и дестабилизација на државата, како и неаргументираните напади на амбасадорот на Германија.
Наместо создавање клима за внатрешна кохезија и прифаќање на подадената рака од ЕУ и НАТО, за повторното отворање на можностите за продолжување на евроатланските процеси, како и поддршката за економска и финансиска стабилизација, Ѓорге Иванов, упатува критика до Германија, држава која е наш силен и највлијателен подврзувач.
Граѓаните се определени за промени, правда и стабилизација.
Промените се во тек и никој не може да ги блокира, а одговорноста никој не ќе може да ја избегне, ниту Ѓорге Иванов.
Демократскиот сојуз е за тоа “прочистувањето” да започне од таму од каде што смрдат работите, а не од опашот.