Демократско движење: С. Македонија е последна во регионот по сите економски показатели

од Vladimir Zorba

Демократското движење е доста загрижена заради фактот каде ја носат државата оваа власт. Сите економски показатели, алудираат дека Владата на најлош можен начин управуваат со државата. Граѓаните веќе секојдневно се сведоци дека животниот стандард и таков низок, веќе се руши целосно од неспособноста на Владата да се соочи со економските предизвици, стои во соопштението на партијата.

„Според последниот извештај на Народна Банка за Глобални Економски Перспективи, нормата на инфлација која Северна Македонија ја има моментално, се поставува на чело на табелата во споредба со земјите од регионот со 8.4%.

Исто така, оваа Влада, каде управуваат кадар од ДУИ со скоро сите економски ресори, не успеваат со економскиот раст на државата, која е последна во нашиот регион со 1.8%.

Неспособноста на оваа власт не завршува тука. Според Светска Банка и јавниот долг расте, кој моментално изнесува 59.1% а до крај на година ќе порасне на 60.2% од Бруто домашниот производ (GDP).

Демократското Движење покренува загриженост кон досегашните владини политиките и бара од Владата да создаде зацврстена монетарна политика и домаќинско фискално управување“, додаваат од партијата на Меџити.

Слични содржини