Демократското движење го одржа основачкото собрание, за преседател избран Изет Меџити

од Stefanija Kuzmanovska

Демократското движење денеска во Скопје го одржа основачкото собрание на кое за негов преседател едногласно беше избран Изет Меџити.

Меџити пред присутните истакна дека првичната мисија на Демократското движење е да го обедини искуството од минатото со волјата на иднината.

„Не со политичка теорија, туку со искористување на искуствата оставени настрана и покрај искуствата и подготвеноста на возраста како и со ангажирање и поттикнување на младите луѓе со образование, знаење, стручност и енергии кои не се користат ни одблиску доволно. Искуството на возраста ја облагодарува волјата на младоста“, посочи тој.

Информира дека ќе дејствуваат опозициски.

„Во историјата на Македонија може да биде единствен или редок случај кога за убедување ги оставивме позициите, заменик министер, директори, државни секретари, ја плативме цената заради нашите убедувања и тоа треба да се цени. Значи ние ова го правиме за декмокрартските процеси, да придонесиме за поголема демократија во Македонија и од позиција на власт преминавме во опозиција“, истакна Меџити.

Слични содржини