Демократското движење на Изет Меџити ги собрала потребните потписи за регистрација

од Vladimir Zorba
233 прегледи

Демократското движење на Изет Меџити соопшти дека денеска во рекордно време ги собрале потребните потписи за регистрација на политичкиот субјект.

-Стотици истомисленици на Изет Меџити денеска се собраа во нотарски канцеларии да го дадат својот потпис за формирање на Движењето кое ветува позитивни промени за Албанците во Република Северна Македонија. Организацискиот совет при Демократското движење предвиде потписите да се собираат во текот на целиот ден, но се завршила за неполни три часа, при што беше објавено дека собирањето потписи е успешно затворено, се вели во соопштението од Демократското движење.

Со собирањето на потребните потписи, Демократското движење продолжува регистрацијата на партијата, а на 13 август е најавена и нејзина промоција.

Изет Меџити, доскорешен потпретседател и пратеник од ДУИ на 17 јули најави дека заедно со пратениците Мерита Коџаџику и Кастриот Рерџепи ќе формираат ново политичко движење, која официјално ќе биде формирана на 13 август.

Меџити тогаш објасни дека новиот политички субјект во принцип ќе функционира како партија. На прашањето дали ќе бидат спремни за евентуални предвремени избори, Меџити рече дека токму затоа брзаат со формирање на ова движење за да бидат спремни за секаков вид на предизвици коишто можат да се појават во меѓувреме

Слични содржини