Демократското Движење отвори канцеларии во Гостивар, Меџити: Нашата партија секој ден е сe посилна

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Во ентузијастичка и полна со енергија атмосфера, денеска свечено беа отворени канцелариите на Демократското Движење во Гостивар. По тој повод, лидерот на Демократското Движење и воедно прв заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, изјави дека овој момент претставува уште еден важен чекор во нашето патување кон создавање силна и претставничка политичка алтернатива за сите граѓани.

„Демократското движење секој ден е сѐ посилно, создавајќи цврста структура и јасна визија за подобра иднина. Ова е доказ за посветеноста и единството на луѓето кои веруваат во промените, еднаквоста и праведното претставување на сите”, рече Меџити.

Тој понатаму истакна дека заедно со зајакнувањето на Демократското Движење, се консолидира и коалицијата ВЛЕН, како гаранција за политика која вреди – политика која поддржува развој, правда и благосостојба за сите граѓани на Северна Македонија.

„Им благодарам на сите членови и поддржувачи кои го овозможија овој момент! Нашата сила лежи во нашето единство и заедничка визија. Гостивар денеска покажа дека е важен дел од оваа визија!”, изјави Изет Меџити, лидер на Демократското Движење и прв заменик-претседател на Владата на Северна Македонија.

Слични содржини