Тензиите на Корејскиот полуостров ескалираа по тестот на Пјонгјанг на хидрогенската бомба

Тежок бомбардер на САД прелетал над Јужна Кореја денеска, неколку дена откако Северна Кореја изврши тест на хидрогенска бомба, пренесе АФП.. Според очевидци бомбардерот Б-52, кој може да пренесува атомско оружје, за кратко прелетал над воздушната база Осана која се наоѓа на 70 километри јужно од границата меѓу двете корејски држави.Авионот бил придружуван од два јужнокорејски Ф-15К и два американски Ф -16.Според информација на Yonhap, бомбардерот ќе биде пребазиран од американската база Андерсон на островот Гуам.