Демонстранти упаднаа во курдскиот парламент

од desk2
61 прегледи

Демонстранти влегоа во парламентот на ирачките курди во Ербил, гневни поради одлуката на курдскиот претседател Масуд Барзани да поднесе оставка по референдумот за независност што предизвика регионална криза. Барзани ги прозва САД дека му помогнале на Ирак во осовјувањето на курдскиот град Киркук.
При упадот на демонстрантите кои извикуваа дека се курдски борци Пешмерга, се слушаа истрели.

Претходно претседателот Барзани со писмо го информираше регионалниот парламент дека ќе се откаже од својата функција на први ноември.

Повеќето од пратениците, односно 70 гласаа за барањето на Барзани додека 23 беа против.

Курдскиот регион, кој со години имаше широка автономија, се најде во голема криза откако референдумот за независност пред еден месец предизвика своевиден воен и економски одговор од ирачката централна власт во Багдад.

Во своето обраќање, прво, откако ирачките сили започнаа изненадувачка офанзива за враќање на курдската територија во средината на октомври, Барзани енергично ја бранеше својата одлука да одржи референдум.

„Курдскиот референдум за независност требаше да изнајде мирно решение за проблемите со ирачката влада. Им кажавме дека сме подготвени да влеземе во дијалог и да ја одложиме независноста две или три години за да најдеме решение за проблемите со Багдад“.

Барзани додаде дека следбениците на ривалскиот курдски лидер Џалал Талабани, кој почина на почетокот на октомври, биле виновни за „предавство“, односно за предавањето на градот Киркук на ирачките сили без борба пред две недели.

Говорејќи пред курдски и ирачки знамиња, Барзани ги критикуваше САД за тоа што дозволиле нивните тенкови „Абрамс“, што им ги доставиле на ирачките сили да се борат против милитантите на Исламската држава, да бидат употребени против Курдите.

„Се обидовме да го спречиме крвопролевањето, но ирачките сили и Народниот мобилизациски фронт продолжија да напредуваат, користејќи американско оружје. Нашиот народ сега би требало да се сомнева дали САД биле свесни за ирачкиот напад и зошто не го спречиле тоа“.

Барзани додаде дека референдумот за независност никогаш не ќе може да се избрише./РСЕ