Демонстранти во Шведска го шутираа Куранот, Ирак го протера шведскиот амбасадор

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Демонстрантите во Шведска денеска шутираа и делумно уништија Куран пред ирачката амбасада во Стокхолм, но не го запалија како што се закануваа, изјавија очевидци на „Ројтерс“, додека Ирак побара од шведскиот амбасадор да ја напушти земјата.

Демонстрантите, стотици од нив, упаднаа во шведската амбасада во центарот на Багдад рано наутро и ја запалија во знак на протест против очекуваното палење на светата книга на исламот во Шведска истиот ден.

Ирак денеска побара од шведскиот амбасадор во Багдад да ја напушти ирачката територија и го отповика својот вршител на работите во Шведска, соопшти владата.

Ирачката државна новинска агенција објави дека Ирак, исто така, ја суспендирал работната дозвола на шведскиот „Ериксон“ на ирачка територија.

Одлуката е донесена откако Ирак ѝ соопшти на Шведска дека ќе ги прекине дипломатските односи доколку Куранот повторно биде запален во таа земја.

Слични содржини