179
Демонстранти во Ирак денеска ги запалија канцелариите на шиитски политички партии и шиитска милиција во јужната ирачка провинција Мутана, соопшти полицијата.
Канцелариите на движењата „Хикма“ и „Ашаиб Ал ал-Хак“ беа запалени во градот Самава.
Безбедносните сили се обидоа да ги растерат демонстрантите со солзавец.
Претходно денеска, ирачката полиција пукаше во воздух и испука солзавец за да растера илјадници демонстранти од улиците на Багдад, каде протестите против владата продолжија по тринеделна пауза.