Ден Дончев , Љубчо и Љубе засега без никакви проблеми ги спакуваа носителите на на листите . Со нив е и Стојанче Ангелов од Достоинство и Ѓулистана Марковска поранешниот кумановски пратеник на ВМРО ДПМНЕ. На хартија е ставено се.

Во втората изборната едница ќе биде Љупчо Балковски, во тројка генералот Стојанче Ангелов, претседателот на Достоинство. Лидерот на ВМРО-НП ке биде носител во четвртата изборна единица, Љубе Бошкоски во петката, а шестката за сега е празна.
Оваа коалиција се формализираше откако не успеаја да се договорат за заеднички настап со Коалицијата за промени и правда, на Павле Трајанов, кои пак инсистираа на дефинирање и на постизборно колицирање и во никаков контекст на врзување со ВМРО ДПМНЕ. Тие сега пакуваат посебен свој опозициски пристап а Ден ДОнчев, Љубчо и Љубе своја нова опозицииона десница .Сепак имаат уште работи кои и оваа десна коалиција треба да ги испегла овие денови, кои излегуваат на виделина во усојузувањето на до неодамана скараните Љубе и Љубчо, а сега смирени сојузници.
Ден Дончев сака да внесе три свои сигурни позиции, и не е исклучено нешто плус од онаа што отпаѓа од листите на Заев.
Љубчо Георгиевски е комотен во позициите, и тој е фокусиран на идните планови за средување на ВМРО ДПМНЕ по падот на лидерот Никола Груевски, кое е неминовно, така што нему во таа насока сосема му е сеедно и дали ке биде или на листите.Сепак се прават проценки дали тоа ќе донесе или однесе гласови за колицијата, и кои ќе бидат првенците на народна на листите.
Лидерите на овие партии деновие и официјално ќе ја промовираат коалицијата и ностелите на листите за предвремените парламентарни избори на 11 декември.
Другите партии и колиции , освен ДПА која веќе ги објави , и натаму калкулираат и се пазарат со редоследот и носителите на изборните листи. СДСМ тоа ќе го прави на конгрес, а ВМРО ДПМНЕ има проблем со тоа кој ќе биде на листата како обвинет од СЈО, старите извалкани фронтмени и новите непознати фаци кои би требало да ја пополнат празнината и покажат друг имиџ на рефомирано ВМРО ДПМНЕ.
Последниот рок до кога листите со кандидати за пратеници треба да се достават до Државната изборна комисија е следниот петок, 11 ноември, на полноќ, а на 18 ноември ДИК мора да бидат објавени во дневен печат.