202
Денеска во Иран е прогласен ден на жалост по нападот во кој, според последните податоци, најмалку 84 лица загинаа во експлозии недалеку од гробот на генералот Касем Сулејмани, во Керман, на југот на земјата.
Првично официјалната агенција ИРНА објави дека загинале 103 лица, потоа министерството за здравство соопшти дека има 95 жртви, а новиот биланс го соопшти шефот на итната помош Џафар Мијадфар.
Според последниот официјален биланс загинале 84 лица, а 284 се ранети.