Ден по смртта на кралицата Елизабета: Кралот се враќа во Лондон, се очекува обраќање

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Ден по смртта на кралицата Елизабета во Велика Британија се очекува цела низа настани со кои ќе продолжи операцијата „Лондонски мост“. Во Британија денеска ќе бидат прогласени денови на жалост, а новиот крал се очекува да и се обрати на нацијата во текот на денот.

Како што е најавено, новиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга Камила ќе го напуштат Балморал и ќе се вратат во Лондон, каде се очекува кралот да добие прием кај новоизбраната премиерка Лиз Трас.

Како што пишува „Гардијан“, Чарлс Трети ќе се сретне и со војводата од Норфолк, кој ќе биде задолжен за организирање на погребот на кралицата.

Владата денеска најверојатно ќе прогласи Денови на жалост во Британија (најверојатно 12 дена), а министрите ќе објават дека денот на погребот ќе биде прогласен за државен празник. Граѓаните и денеска ќе се собираат во големите градови и ќе положат цвеќе во чест на починатата кралица Елизабета Втора.

Црковните ѕвона ќе се бијат во текот на денот, додека во Хајд Парк ќе се организира пукање со 96 куршуми – секој истрел за една година од животот на кралицата.

Вечерта се очекува кралот Чарлс III да и се обрати на јавноста за прв пат откако стана монарх.

Слични содржини