Дендиас: Грција е заедно до С. Македонија на патот кон ЕУ

од Nikola Popovski
277 прегледи

Министерот за надворешни работи на Хеленската Република Никос Дендијас на денешната прес-конференција во Скопје изјави дека двете земји сакаат да ги продлабочат односите уште повеќе.

-Грција работи засилено за обезбедување на мирот и стабилноста на регионот. Сигурни сме дека пристапните преговори меѓу Македонија, Албанија и ЕУ треба да почне веднаш. Тоа е пораката која ја пренесуваме на нашите европски сојузници и која што имавме да ја кажеме и претходно. Ние ќе дадеме поддршка на вашата европска перспектива. Тука сум денеска за да порачам дека сме до вас и заедно со вас на патот кон Европа. Сметаме дека сме ваш близок пријател и тоа е поддржано од акцискиот план на соработка, рече Дендиас.

Тој додава дека Грција е насочена кон верно спроведување на Преспанскиот договор.

-Нашите економии се се поблиски и работиме сложено. Големо е задоволството дека грчката инвестиција е на високо ниво во вашата земја и сакаме да поддржиме енергетска независност на вашата земја, порача Дендиас.

Слични содржини