Дендиас и Блок разговарале за ЕУ перспективата на Северна Македонија и Албанија

од Aleksandar Petrovski
218 прегледи

Европската перспектива треба да се охрабри и претставува единствен пат за стабилност, безбедност и просперитет на регионот, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас по средбата со шефот на холандската дипломатија Стеф Блок и додаде дека внимателно ги слушнал ставовите на неговиот колега од Холандија „проучувајќи начини за да се создадат услови во Европската унија за да двете земји да одат напред”, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешната средба во грчкото МНР, Дендиас рече дека го известил Блок за неговото патување во Северна Македонија и вонредното, поради земјотресот, во Албанија и истакна дека станува збор „за две земји кои чекаат на прагот на заедничкото семејство- Европската унија”.

-Нивната европска перспектива, како и европската перспектива на другите земји од регионот треба да се охрабри. Претставува единствен пат за зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на нашето соседство. Внимателно ги слушнав ставовите на мојот колега и проучувајќи начини за да се создадат услови во Европската унија за да можат овие две земји да одат напред кон следниот чекор, секако со строг предуслов, исполнување на критериумите во нивниот реформаторски тек. Тоа е жива дискусија која што ќе ја продолжиме, рече Дендиас по средбата со Блок.

Слични содржини