Дендијас: Oчекувам доследно спроведување на Преспанскиот договор

од Nikola Popovski
375 прегледи

Шефот на грчката дипломатија, Никос Дендијас очекува целосно, доследно и со добра волја спроведување на Преспанскиот договор, без разлика на владите во двете земји.

-Истакнав дека ние го поддржуваме пристапниот процес на Северна Македонија и Албанија и ќе продолжиме со нашите напори за што поскоро свикување на првата меѓувладина конференција. Секако, во однос на Северна Македонија, го додадов она што го истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, pacta sunt servanda“, рече Дендиас.

Говорејќи за регионот, шефот на грчката дипломатија истакна дека го повторил „цврстото противење на Грција за центрифугалните сили кои можеби ќе сакаат да ја прекројат картата на нашиот регион“.

-Тука морам да бидам искрен, директно го покренав влијанието на надворешните фактори кои со мантии како развојна помош и наводно историски, културни, религиозни традиции промовираат радикални идеологии и дестабилизирачка агенда на Балканот. Интеграција на Западен Балкан во европското семејство. Според нас овој е единствениот пат пред нив, рече министерот за надворешни работи на Грција.

Слични содржини