Денес без големи колони и подолги задржувања за влез и излез од државата

од Nikola Popovski
308 прегледи

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

За разлика од претходните денови кога имаше долги колони за влез и излез од државата преку ГП „Богородица“, денеска сликата е поразлична и граѓаните можат да се движат без подолги чекања.

Слични содржини