Денес и утре сончево и многу топло, од сабота значително освежување

од Nikola Popovski
262 прегледи

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ индексот ќе биде 9.

Утринската температура ќе биде од 14 до 20 степени, а дневната ќе се движи во интервал од 33 до 29 степени.

Во Скопје исто така сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне до 38 степени Целзисуови.

Утре пак, ќе биде потопло со температури до 39, односно 40 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во текот на викендот се очекува промени. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места ќе има и невреме. Поради ова ќе дојде до пад на температурите во недела.

Слични содржини