А што уште глумат груевци, ем ќе седнат ем се ќе прифатат
По обелоденувањето дека преговорите воопшто и не запреле, и дека има средби, особено по вчерашнитејавни средби во резиденцијата на ЕУ јасно е дека четирите партии потписнички на Договорот од Пржино денес- утре ќе постигнат договор за нова лидерска средба.
„Со партиите имавме средби последниве неколку недели и се надеваме дека во следните денови ќе имаме некаков напредок“, рече амбасадорот на САД Џес Бејли.
И евроамбасадорот Аиво Орав изјави дека со партиите имаат близок контакт, преговорите продолжуваат и се надева дека што поскоро ќе има договор. И Бејли и Орав по средбата рекоа дека состанокот поминал во конструктивна атмосфера.
Главната тема на тие разговри се распределбата на местата на новата влада, која треба да обезбеди амбиент за фер избори.
Парлалено со распределбата на местата наголемо се подготвува документ за темпото и реформите кои се задолжителни во тој пакет, од медиумите, со судството , антикорпупцијата , СЈО, и над се владеење на правото.Датумот на изборите се спомнува но сега некако на ВМРО ДПМНЕ не им е пресуден особено не, по оставката на Ставревски, главниот човек за овозможување на бизнисите на ВМРО ДПМНЕ преку задолжувањата и празнење на финасиите на државата.
На вчерашните средби учествуваа Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Артан Груби од ДУИ, Радмила Шекеринска од СДСМ и Имер Алиу од ДПА. Сепак тие постојано беа на линк со ллидерите, така што лидерските средби всушност веќе се почнати. Не е јасно само што гчумат пред јавноста груевци дека демек нешто поопипливо чекале. Брисел веќе најави дека лидерска средба ќе биде можна до крајот на неделава.
Најавите за нова лидерски средби доаѓаат откако граќаните и протестите на шарената револуција , рекациите на Брисел и Вашингтон, и сите претставниците на меѓународната заедница го избоксуваа укинувањето на помилувањата на претседателот на државата, со што се отвори повторно простор за спроведување на договорот од Пржино Освен тоа кон крајот на јуни ќе се одржи самит на ЕУ, а за пет дена, на 20 јуни на дневен ред на советот на министрите за надворешни работи на Европската Унија е и состојбата во Македонија.
Гражаните веќе ги засилуваат протестите одбројуваат и занаат дека еме ќе си седнат груевци на маса, ем ќе мора да прифатат, затоа што народски кажано имаат многу „путер на главата “
Јасно е дека нема глумење и ова е само фрустрирачка парада, и дека повторно на проговарачка маса ќе си седнат и Груевски и Ахмети и Тачи и Заев.